Во неделата, над сто прилепчани се приклучија на третата граѓанска еко-акција. Овој пат, локацијата беше едно од најпосетените места, кое полека прераснува во туристичка атракција, односно езерото.
Акцијата како што кажуваат организаторите, досега е најуспешна од досега организираните и се собрало 3 пати повеќе ѓубре од досегашните акции.
Акцијата почнала кај мотелот кај паркингот, и од тука во најразлични насоки се исчистил голем предел околу езерото. Покрај тоа, поставена е и табла со предупредување за да не се фрла отпад.
Се надеваме дека ова ќе ја разбуди еко свеста и ќе биде поттик за зачувување на природата и одговорно собирање и одлагање на отпадот.