Образованиe VS Образ Ова Ни е


Според теоријата „Табула Раса“ на Џон Лок, секој човек од своето раѓање претставува една празна, неиспишана табла, која што започнува да се пополнува како што самиот човек расте и се развива.

Како да правилно да ја испишеме нашата табла?

Освен социјалното опкружување на самиот човек, врз формирањето на неговата  личност влијаат и неговите сфаќања, мотивација, одлучност и спремност.  Но, клучот за успех се наоѓа во една кутија наречена „Образование“ и посветеност на самата личност за нејзина надоградба.

Образованието е она коешто на нас луѓето ни дава знаење и нѝ помага во испишувањето на таблата. Во минатото, формалното образованието било ограничено за побогатиот слој на граѓани, со цел најголем дел од населението да биде неписмено. Преку таа лолика, на некој начин било полесно да се владее со неписмен народ. Денес, тоа веќе не е случај.

Како што и Платон наведува во својата теорија дека едукацијата треба да биде достапна за сите уште од најрана возраст, денес децата посетуваат формално образование, коешто е задолжително за сите.

Но, за жал постои еден недостаток и на 21век, а тоа е недоволна вклученост и информираност на младите во/за неформалното образование.

Според Алберт Ајнштајн едукацијата е она што останува во нас, откако ќе заборавиме сè она што сме го учеле на училиште!

Неформалното образование се однесува на образование што се случува надвор од формалниот училиштен систем. Истото го поттикнува развојот на моралните вредности, еднаквост и овозможува еден процес на учење којшто е адаптиран и достапен за сите подеднакво. Истото тоа образование го поттикнува младинското учество и активност во општеството и заедницата во било каква форма.

Неформалното образование ни овозможува стекнување на доживотно знаење преку неформален и забавен начин на учење. Тоа игра важна улога во развојот на човекот. Програмите надвор од училиштата се важни за да се обезбедат прилагодливи можности за учење на нови вештини и знаења на голем процент од луѓето кои се надвор од опсегот на формалното образование.

Неформалното образование нè мотивира и нè поттикнува да направиме промена во општеството и да си го зачуваме нашиот образ чист.

Преку флексибилноста и слободата која ја нуди овој вид на учење, младите имаат можност да развијат нови вештини и да учествуваат во процесите на донесување на одлуки, преку кои би имале и клучна улога во зачувување на чистиот образ на заедницата и самата држава.

Автор : Мери Ѓорѓијоска

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи