Пред неколку денови, во голем пожар, две прилепски семејства ги загубија своите домови. За неколку часа додека траеше пожарот, семејството Трајаноски и Крстески останаа без покрив над главата и без никаква покуќнина. Моментално тие се буквално бездомници.
Зоран Трајаноски, поради проблеми со колкот е инвалид. И како тоа да не било доволно, му се случи оваа трагедија која го остави целосно скршен. Тој не е во можност ниту финансиски, ниту физички да придонесе во повторна изградба на својот дом.
Членовите на семејството на Сашо Крстески пак, наместо да се радуваат на своето малечко дете, тие треба да му објаснуваат зошто и како тоа останало без својот топол дом, без своите играчки и без својата детска радост.
Да им помогнеме на овие две семејства повторно да застанат на нозе, да можат да ги изградат своите куќи, да имаат топло и суво место во кое ќе можат пристојно да живеат и кое ќе го нарекуваат дом!
Отворена е заедничка сметка за донации на двете семејства – Трајаноски и Крстески, и се замолуваат сите хумани луѓе да донираат колку што можат. Ниту една сума не е премала.
Број на сметка: 240287115097940
Носител на сметка: Трајаноска Христина
Донации од странство може да се направат преку следниот линк: https://www.gofundme.com/f/help-zoran-to-rebuild-his-home?utm_campaign=p_cp_url&utm_medium=os&utm_source=customer
Или на девизната сметка прикажана на фотографијата подолу.
Во тек е процедура за добивање на телефонски број за донации.