На 24.04.2021 во 17.30 во с.Мраморани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово – СВР Битола, при спроведување контрола, пронашле патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва кои биле без жиг и патничко возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, исто така, натоварено со огревни дрва без жиг. Возилата биле одземени, а дрвата биле предадени во Шумско стопанство „Црн бор“ во Прилеп. По комплетно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.