Министерот за здравство Венко Филипче ги потврди денешните најави за намалување на рестриктивните мерки во наредниот период.
„Настојуваме да се отворат сите тераси. Полицискиот час да трае од 21 часот до 5 часот наутро од 28 април. А за Велигден и за Рамазан Бајрам да нема полициски час. Тие деноноќија пред празниците, сабота спроти недела и 12-ти кон 13-ти нема да има полициски час, а луѓето ќе можат слободно да се движат. Во тие денови угостителските објекти да работат како и дотогаш до 20.30 часот“, изјави Филипче.