ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.К.(49) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес во домот кој го користи пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле амфетамин–метамфетамин, дигитална вага со остатоци од кофеин и парацетамол, ќеса со мешавина од кофеин и парацетамол и креатин, кој се користи како додаток со цел зголемување на нето масата на дрогата.