Денес во утрниските часови ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд претежно во северните делови. Попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 9 °C до 24 °C.
Утре попладне ќе има зголемена облачност и ќе биде нестабилно, а врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.