Кривична пријава против прилепчанец поради сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит“

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.К.(32) од Прилеп и правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

П.К., како невработено лице, во текот на 2017 година поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата.

По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП по кој искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, но спротивно  на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати.

Фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година е ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи