Министерката за образование и наука Мила Царовска го повлекла предлог-законот за дигитализација на учебниците и тој нема да влезе во собраниска процедура, вели пратеникот Антонио Милошоски за „Слободен печат“.
Милошоски објасни дека предлогот е повлечен и засега неможе да се започне со негова расправа.
„Ако не беше повлечен предлог законот ќе следуваше свикување на Комисија за образование и почнување на расправа по истиот предлог закон, за потоа истиот да стигне до пленарна седница за да се усвои или да не се усвои. Меѓутоа бидејќи сега е повлечен, тоа значи дека Владата се откажува од предлогот кој го доставила“, вели Милошоски.
Тој исто така вели дека Владата сепак има право одново да го испрати овој закон во собраниска процедура во друга форма.