Од денес полицискиот час од 21:00 часот, отворените тераси ќе работат до 20:30 часот


Од денес се ублажуваат рестриктивните мерки за борба против корона пандемијата, при што се скратува полицискиот час, но отвораат и летните тераси кај угостителските објекти.

Од вечерва, општата забрана за движење ќе почнува во 21, место во 20 часот и ќе трае до пет часот, а полициски час нема да има за празниците Велигден и Рамазан Бајрам.

Кафулињата и рестораните во Македонија можат повторно да примаат гости, но само на отворено, односно на терасите, каде гостите ќе бидат опслужувани до 20.30 часот.

Останува забраната за работа на сите фитнес клубови и сали за вежбање, но исклучок се компаниите кои можат да ги организираат овие спортски активности на отворено со примена на мерки за лична заштита.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи