Утре е Велики четврток – вапсување на 3 јајца, првото Божјаче, второто за домаќинот, третото за стоката

Facebook
Twitter
Email
Print


Велики четврток е ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е шести ден од Страсната седмица, односно 5 дена по Лазаровата сабота и 4 по Цветници. А според западното христијанство тој е петти ден од страсната седмица, односно 4 дена по Цветници.

Обичаи

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги вапсуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги вапсуваат првите 3 црвени јајца.

Црвената боја на јајцата ја симболизира крвата на Исус пролеана на крстот каде што бил распнат. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да вапсуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со поздравот: Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.

Првото јајце, Божјаче, откако ќе се вапса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјачето се чува цела година, до наредниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува!

Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.

Трите јајца кои се вапсуваат на Велики четврток се црвени, но останатите може да бидат со најразлични бои и декорации, а еве кои се значењата на боите на велигденските јајца:

  • Црна – вечност;
  • Жолта – светло, среќа;
  • Црвена – божествена љубов, надеж;
  • Кафена – среќа;
  • Бела – чистота, невиност;
  • Портокалова – издржливост и сила;
  • Зелена – раст;
  • Виолетова – надеж и вистина;
  • Сина – здравје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи