Шумската полиција добива нови униформи после 12 години

Facebook
Twitter
Email
Print


По 12 години Шумската полиција добива нови униформи и чизми, а се потпиша и Колективниот договор со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите на вработените во Шумската полиција и првпат се регулира правото за добивање додаток од 30 отсто.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа на денешната прес конференција порачаа дека интензивно се работи на зајакнување на овој сектор кој е од исклучително значење за контролите со дивата сеча и за зачувување на природните ресурси.

Шумските полицајци ќе добијат по два сета зимска и летна униформа. Вредноста на набавката е 10 милиони денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на МЗШВ.

Во моментот во Шумската полиција има околу 385 вработени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи