Кинески робот за чистење на вселенски отпад е лансиран


Прототип на кинескиот робот кој има функција за чистење на вселенскиот отпад лансиран е во ниската орбита на Земјата. Роботот тежок околу 30кг, наречен NEO-01 има голема мрежа со која ќе може да го собира вселенскиот отпад и го разви компанијата „Ориџин Спејс“.

Од педесеттите години на минатиот век во ниската орбита на Земјата лансирани се илјадници сателити, а како што поминува времето, тие стануваат нефункционални и стануваат опасен отпад кој може да ги уништи другите сателити.

„Ориџин спејс“ сака да лансира десетици вселенски телескопи и летала за да почне со првата комерцијална операција за рударење астетроиди до 2045 година.

Во моментот има околу 9.000 тони вселенски отпад кој се заканува дека ќе ги оштети или прекине сервисите кои се потребни на Земјата секојдневно, меѓу кои и телекомуникациските и ГПС системите, како и оние за временска прогноза.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи