Од 21 мај руската авиокомпанија Нордвинд воведува директен лет од Москва до Скопја, соопшти денеска Руската амбасада во Скопје.
Летовите ќе ги има еднаш неделно, во петок а времетраењето на летот ќе биде 3 часа и 25 минути.
Руската компанија „Нордвинд ерлајнс“ ќе лета од московскиот аеродром „Шереметјево“ со авион од типот „Боинг 737-800“ со 189 седишта.
Летот Москва-Скопје ќе чини 106 евра, додека пак летот Скопје-Москва ќе чини 125 евра.