Прилепчанецот Аџиоски и македонските иселеници во Швајцарија обезбедија нови 40 неинвазивни респиратори-првите 10 пристигнаа во Делчево


Прилепчанецот Дејан Аџиоски, кој во моментов живее во Швајцарија, обезбеди нови 40 неинвазивни респиратори кои ќе бидат распределени во повеќе градови во Македонија и тоа во: Охрид, Велес, Струмица, Делчево, Кавадарци, а после тоа и болниците во Кичево, Битола, Јасеново.

„Конечно, пратката со првите 10 респиратори стигна во Делчево. Беше пратена уште на 1 април, но од проблеми со транспортот, нажалост стаса само вчера. Инаку се работи за пратка од 40 респиратори кои треба да стасаат во Македонија и кои ќе бидат распоредени според следниот список: првите десет ќе бидат во Охрид, Велес, Струмица, Делчево, Кавадарци, а после тоа и болниците во Кичево, Битола, Јасеново“, истакна Дејан Аџиоски, за Инфо Компас.

Главни заслуги за целата акција имаат Македонските исселеници од Швајцарија:

Следните лица, фирми и ассоциации, ги обезбедија стретствата за 30-40 машини /логистика, транспорт, потрошни материали, тренинг обука /

  1. Г-от Седрик Пахуд / Главен донатор на машините / БЦД Микротекник
  2. Илчо Трајкоски и фирмата Колор Систем Пајерн
  3. Ванчо Ангеловски
  4. Депалиер Фабиен
  5. Драган Стоиловски
  6. Дејан Аџијоски
  7. Добротворното Друштво Македонија Ешалан
  8. Македонскиот национален совет
  9. Клубот Пирок
  10. Клубот Пијанец
  11. Здружение на Македонските друштва ЗМД
  12. Игор Атанасов, Главен Менаџер во фирмата која го обезбедува транспортот ДАШЕР
  13. Др Билјана Георгиевска / Црвен Крст Македонија / одговорни за обука
  14. Др Дејан Златановски / Црвен Крст Македонија / одговорни за обука
  15. Уште 20 поединци кои се уклучија во акцијата

Како што нагласив целта е да се донираат максимално машини кои ќе одезбедат вештачки дишење, и кои би можеле да се употребуваат дури во почетна фаза на заболени со ковид 19, или конкретно на пациенти кои имаат проблеми со дишењето, пад на сатурација под 80%. Операцијата се изведува преку Црвен Крст Македонија, поточно Делчево, кои ќе бидат обучени од утре, и Др Билјана Георгиевска, со г-ин Дејан Златановски ќе ги распоредат по болниците низ Македонија, ќе ги обучат докторите и лицата кои ќе се грижат за работа со не инвазивните респиратори од Типот КОВИДЕР“, додаде Аџиоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи