Вечерва нема да важи мерката забрана за движење, односно полициски час поради христијанскиот празник Велигден. Според одлуката на Комисијата за заразни болести, полициски час нема да има ниту вечерта за празникот Рамазан – Бајрам на 12 и 13 мај.
Забраната за движење останува на сила во останатите денови до 15 мај со почеток во 21 часот.