ВИДЕО – Од денес испитување на ПЦР тестови и во Прилеп, за 10-тина дена и пункт за масовна имунизација


Од денеска ПЦР тестовите ќе може да се испитуваат и во Прилеп во Центарот за јавно здравје, а резултатот ќе биде готов истиот ден кога ќе биде земен и тестот. Исто така тука тест може да прават и граѓаните кои имаат потреба од истиот за да може да патуваат во странство. Лабораторијата за оваа намена која чини 3,5 милиони денари, ја опремил прилепскиот бизнис сектор. Дневно ќе може да се прават по 60 тестови, а  ќе се работи од понеделник до сабота.

„Оваа лабораторија ќе ни остане за тестирање и понатаму, не само за ковид затоа што молекуларната диијагностика гледате дека се повеќе станува рутиинско дијагностицирање и се надевам дека ќе се користи за дијагностицирање на многу други вирусолошки и бактериолошки заболувања“, вели Драгица Николоска, дииректор на Центар за јавно здравје Прилеп.

Инаку за 10 до 15 дена во Прилеп, во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ ќе се отвори и пункт за масовна имунизација на граѓаните. Тие граѓани што имаат термин закажано да одат во Битола откако ќе се отвори овој центар, ќе бидат повикани тука.

„Час поскоро да се вакцинираме сите ние затоа што тоа е успехот на победата над Ковид 19, сите вакцини се еднакво успешни, нема лоша или добра вакциина, сите вакцини се добри“, додаде Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Попушта и притисокот во прилепската болница и се затворааат полека Ковид одделите.

„Од вчера официјално немаме пациенти во ковид центарот на гинекологија, од петок истата постапка ќе биде и со очното одделение, затоа што бројките ни налагаат дека имаме доволно слободни места“, рече Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.

Во моментов хоспитализирани биле 48 граѓани, а имало слободни 88 места.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи