Заев се вакцинираше со кинеската „Синофарм“ и се чувствува добро


Премиерот Зоран Заев ја прими првата доза од вакцината „Синофарм“ во пунктот за вакцинација во спортската сала „Борис Трајковски”.

„Ја примив првата доза од „Синофарм“. Таа беше на ред, јас не бирав. До почетокот на летото ќе имаме голем број вакцинирани граѓани. Вакцините се тестирани и проверени. Важно е масовно да се учествува во процесот на вакцинација. Се чувствувам добро и ќе ги продолжам работните обврски. Ги повикувам граѓаните да се пријават за вакцинација за да може летово што поголем број лица да бидат имунизирани”, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните за масовна имунизација за да се постигне колективниот имунитет.

„Вакцините се безбедни, проверени тестирани и навистина колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши борбата со овој невидлив непријател пандемијата од ковид-19. Важно е масовно да се учествува во процесот за имунизација за да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да го постигнеме колективниот имунитет“, порача Заев.

Тој изрази жалење што досега имале проблем со набавувањето на вакцините, но дека направиле сѐ за тие да пристигнат што поскоро во нашата земја.

„Ние неколку пати соопштуваме дека имавме проблем со набавката на вакцини. Авансот за „Синофарм“ е вратен. Имавме напори да направиме сѐ за час поскоро да ги набавиме вакцините“, изјави Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи