„СпејсЕкс“ за првпат успешно ja приземји својата футуристичка ракета „Старшип“, со која Илон Маск во иднина планира да праќа луѓе на Месечината и Марс. Ова следува откако претходните четири обиди завршуваа со експлозија во најразлични фази од тестот.
„Старшип“ полета од локацијата на компанијата во Бока Чика на југот на американската сојузна држава Тексас и достигна планирана максимална висина од 10 километри, по што лебдеше за момент, а потоа се упати назад надолу кон Земјата и успешно слета исправено на полигонот.
„Приземјувањето беше како според книги“, напиша Маск на Твитер.
Овој успех е клучна пресвртница за приватната компанија на Маск во развојот на вселенско летало што може да се користи повеќе пати, способно да носи големи количини товар и астронаути на Месечината и Марс.