Градоначалникот Јованоски во посета на ПС Прилеп по повод Денот на македонската полиција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По повод Денот на македонската полиција 7 Мај, денес градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски ја посети Полициската станица од општа надлежност – Прилеп.

„Честитајќи им го празникот, на вд командирот Дарко Цуцулески, како и на останатите раководни структури на Полициската станица од нашиот град, им посакав успешна работа и, исто како и досега, неселективен пристап во борбата со криминалот.

Заедничката констатација е дека безбедноста на граѓаните, како и доследното спроведување и почитување на законите особено во услови на пандемија на ковид-19, е наш врвен приоритет.  

На сите припадници на МВР им го честитам 7 Мај, Денот на македонската полиција!“, напиша Јованоски на својот Фејсбук профил.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи