Бектеши: Двојна дневница за работа во недела

Економските субјекти кои ќе работат во недела ќе треба на своите вработени да им исплатат двојно поголема дневница, но и 2% од приходот во државна каса, изјави на денешната прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

„Трговските центри ќе работат во недела. Оние кои ќе работат во недела, дополнително треба да исплатат двојна дневница, како и 2% од нивните приходи кои ќе ги остваруваат во недела. Трговските центри и бензинските пумпи во делот од нивните маркети, ќе треба да го уплаќаат во државната каса, со цел тие средства да бидат искористени за изградба на градинки“, најави Бектеши.

Истото ќе важи и за угостителските објекти, односно нема да има дополнителни законски измени за неделата како неработен ден.

Бектеши потенцираше дека ќе има санкции за сите кои нема да ги почитуваат новите одлуки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи