Руралните жени се невидливи за државата, потребни се итни реформи, промена на законската регулатива и зголемување на нивните права и можности


Во ова издание на Инфо Регион официјално се промовираше публикацијата „Положбата на руралните жени во македонското општество“ во издание на ЛАГ Агро Лидер, а нејзиното издавање го финансираше Фондацијата Отворено Општество Македонија. Наш гостин е Марина Тошеска.

Руралните жени се невидливи за нашата држава иако даваат значаен приодонес за развојот на локално, регионално и национално ниво. Положбата на руралната жена е се уште неповолна од аспект на социјалната и здравствена заштита, има недоволна институционална поддршка во руралните средини, се соочуваат со ограничен пристап на информации и институции, немање на пристап до претставници на институциите во руралните средини, немање на доволно работни позиции за квалификуваните жени во руралните средини, неможноста да пристапат до центри за ран детски развој, градинки за да можат да најдат подобро вработување, немањето на установи за згрижување на деца со попреченост, немањето на услуги за поддршка на стари лица во домот, немањето на социјален работник во руралните средини, сето тоа се одразува врз положбата на руралната жена.

Дел од жените во руралните средини патуваат и по 30 км, за да остварат некое право од социјална или здравствена заштита или да отидат во Агенцијата за вработување за да дознаат за мерките кои им се нудат. Тука се нагласува фактот што жените во руралните средини немаат свои возила и возачки дозволи, користат јавен превоз, а во време на ковид и тој беше ограничен.

Во руралните средини патната инфраструкткура не е во добра состојба, нема банки, пошти, сите овие работи влијаат негативно за да може жената да се развива и максимално да го даде својот придонес за развој на заедницата. Голем проблем е и недоволниот пристап до информации, несвесноста за можностите кои се нудат за здравственото и пензиското осигурување, голем  дел од руралните жении немаат пензиско и социјално осигување, здравствено осигурување немаат на нив туку користат здравствено осигурување од сопругот. Не се запознати ниту со мерките кои може да ги користат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи