По последната одлука на РКЕ поскапеа горивата. Порасна цената на бензините, но и на дизелот ама и на екстра лесното масло за домаќинство.
Цената на Еуросупер БС – 95 се зголеми за денар ипол по литар и тоа гориво од денес на бензинските пумпи ширум државата ќе се точи по 68,50 (денари/литар).
70,00 (денари/литар) од денес чини Еуросупер БС -98 .
Од друга страна за 1,00 денари поскапо ќе го плаќаме и дизелот кој ќе чини 60,00 ден/литар. Овие цени ќе важат седум дена односно до понеделник.