Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп во рамките на активностите од проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, кој е поддржан од ifa/Zivik Федерална канцеларија на Сојузна Република Германија,организираше посета на Собранието на Република Северна Македонија на средношколци од 10 средни училишта одПрилеп, Битола, Крушево, Ресен, Дебар, Куманово, Штип, Велес, Гевгелија и Долнени вклучени во проектот.
Имено повеќе од 150 ученици преку виртуелната обиколка што се организира во соработка со Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија се запознаа со надлежностите на Собранието од една страна и со неговата организираност од друга страна. Пред младинците беа претставени салите за работа и состаноци. Учениците беа информирани за историјата на овој објект, за начинот на изградба и функционалност, а уште повеќе за начинот на денешното негово користење. Прошетката низ Собранието ја водеа ДејанДимитриевски и Соња Стаменковска од Парламентарниот институт.
Учениците беа задоволни од посетата и запознавањето со Собранието, имаа свои прашања кои беа одговорени. А дел од учениците пројавија интерес во иднина да бидат пратеници во истото.