Голем број награди за талентите од музичкото училиште од Прилеп на натпреварите во Скопје, Штип, БиХ и Италија


И оваа година младите уметници од ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ – Прилеп преку добиените награди од неколкуте натпревари кои беа организирани овој период, докажаа дека трудот кој несебично го вложуваат, секогаш се препознава и вреднува. Честитки на сите ученици и нивните наставници за постигнатите успеси на натпреварите во : Полихимнија – Скопје, Вториот музички фестивал со натпреварувачки карактер – Штип, SIMC Белина – БиХ и Орбетело – Италија.

 

Ова се младите таленти кои освоија награди:

 

-Тамара Трајческа III награда на меѓународен натпревар во Италија од класата на проф Игор Николоски

-Анастасија Петреска I награда SIMC Белина – БиХ и Дариа Богеска I награда во Штип од класата на проф. Петар Цветаноски

-Марко Граороски I награда во Штип од класата на проф. Славица Конеска Темелкоска

-Теона Ванеска I награда во Штип и Марија Николова I награда во Штип и II награда на Полихимнија од класата на проф. Илија Иваноски

-Илина Наумоска I награда и Христијан Узуноски III награда во Штип од класата на проф. Јулијана Златеса

-Гораст Ѓорѓиоски I награда во Штип од класата на проф. Денис Најдоски

-Марко Солески и Михаил Граороски I награда во Штип од класата на проф. Мендо Ташкоски

-Бисера Баракоска III награда Полихимнија од класата на проф. Катерина Попоска

-Магдалена Ковилоска II награда Полихимнија од класата на проф. Мартина Пашоска Стојанов

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи