Традиционална средба со училишниот парламент и ученик – правобранител во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп


Како и секоја учебна година, така и оваа, пред завршувањето на матурантите, на 14.05.2021г. во училишниот двор, беше одржана традиционална средба со Училишниот парламент, претседателите на класовите и Ученикот – правобранител во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп. Оваа средба е во функција на резимирање на постигнувањата на учениците од завршните години во текот на нивното образование во нашето училиште и вештините и способностите кои ќе им помогнат успешно да влезат во светот на академските граѓани, а на учениците од пониските класови – поттик за уште поголем напредок.

Исто така, Координативниот тим на училиштето на Проектот за правата на детето, во чиј состав работи Училишниот парламент и моделот Ученик – правобранител, им се заблагодари за извонредната соработка, ентузијазмот и креативноста на Ученикот – правобранител Матеа Поповска и Заменикот ученик – правобранител Филип Наумоски, кои исто така се матуранти.

На средбата беше присутна в.д. директорката на училиштето Петра Лукароска, претседателката на Училишниот одбор Марта Макеска и претставничката на Советот на родители Гордана Кафеџиоска.

На матурантите од срце им посакуваме успешна иднина и остварување на сите нивни креативни визии, а на сите наши ученици успех и добро здравје!

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи