Тутунарите бараат итна исплата на 5-тиот ковид пакет и субвенциите, во спротивно најавуваат протести


Откупот на тутун заврши официјално на 31.03.2021година. И покрај нашите обиди преку писма испратени до Владата, и до ресорното Министерство за побрза исплата на 5 ковид пакет и побрза исплата на субвенциите, до денес тоа не се случи. Се вели во реакцијата на новоформираните тутунски здруженија.

Иако имаше најави и од премиерот, а и во одговор на нашите писма од страна на МЗШВ дека тоа ќе се случи во првата половина на месец мај, тоа како што гледаме не се случи, а денес министерот во Битола изјави дека суште не бил разгледан на влада 5тиот пакет мерки за тутунарите, затоа јавно прашуваме што работеше Министерството во изминативе 2 месеци. Согледувајќи ја несериозноста и пристапот со ова писмо упатуваме последен апел до Министертството и Владата, да не одолговлекувате и да не манипулирате со нас тутунарите и да не ја влошувате дополнително и онака нашата тешка материјална состојба“, велат тутунарите.

Тутунарите велат дека имајќи во предвид дека новата реколта веќе била во полн ек со расадувањето, потребите од финансиски средства им биле повеќе од потребни.

„За таа цел бидејќи огромна група на тутунопроизводители кои се повеќе ни ја даваат довербата и бараат преку нас одговори од страна на институциите испраќаме уште еден апел до надлежните. Исплата на 5 ковид пакет на сите tутунари подеднакво за сите класи. Исплата на субвенциите веднаш и нивно израмнување на 90 денари по сите класи. И исполнување на ветувањето на премиерот кое им го даде на тутунарите за просечна цена од 180-185 денари. Само на овој начин може да се ублажат загубите кои ги претрпивме во изминатата реколта. Секој друг начин го сметаме за популизам и манипулација на тутунарите од страна на институциите. Да ве предупредиме како бројно сериозна група која има важно значење во полнењето на буџетот на државата, нашите права ќе ги бараме на најтешкиот и најнепопуларен начин односно на протести кои ако не се исполнат овие наши барања ќе се случат наскоро. Затоа. Немојте да не отргнувате од нивите и да не носите на патиштата. ОД ВАС ЗАВИСИ. Да бидеме одговорни секој во својот дел на делување е апелот на тутунарите“, додаваат од новоформираните тутунски здруженија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи