Учениците кои ќе започнат со дигитални учебници на почеток на годината, нивните другарчиња кои немаат, по само една недела и тие ќе побарааат дигитални учебници, ова денеска го истакна градоначалникот Илија Јованопски, одговарајќи на новинарско прашање, дека најголемиот дел од учениците во Прилеп, се против воведувањето на дигитализацијата во образованието.
„Станува збор за печатени учебници и дигитални учебници за кои има полемика помеѓу граѓаните. Станува збор само за учениците од 4 одделение од наредната учебна година. Ученците од 4 одделение ќе имаат можност да бираат дали ќе користат дигитални учебници или печатен учебник или може да користат и дигитален и печатен учебник. За оние кои сакаат печатени учебници училиштето ќе биде одговорно, односно општината да ги обезбеди тие учебници. Мислам дека тука нема ништо спорно. Можеби ќе треб ада се објаснува малку поконкретно, подиректно. А за дигиталните учебници, јас верувам дека учениците кои ќе започнат со дигитални учебници на почеток, нивните другарчиња кои немаат по една недела и тие ќе побарааат дигитални учебници. Тоа е основата што секаде ја има во земјите во развиениот свет и земјите од околината“, истакна Илија Јованоски, градоначалуик на Прилеп“, истакна Јованоски.