Денес, на 17-ти мај се одбележува Меѓународниот ден на борбата против хомофобија, бифобија и трансфобија. Денот има за цел да ја подигне свеста за проблемите со кршењето на правата на LGBTIQ+ лицата, како и да ги едуцира луѓето што подразбираат спомнатите права.
На 17-ти мај 1990 година, Светската здравствена организација ја избриша хомосексуалноста од листата на психички пореметувања. Меѓународниот ден на борбата против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата официјално се одбележува од 2004 година во повеќе од 130 земји.
Според дефиницијата, хомофобијата претставува омраза кон хомосексуалците, лезбејките или бисексуалците. Бифобијата се однесува на омразата кон бисексуалците, а трансфобијата е поим кој означува нетрпеливост кон трансродните лица.