Нема олабавување на мерките – останува на сила полицискиот час


И покрај намалувањето на бројот на новозаразени со Ковид 19, нема да има олабавување на рестриктивните мерки, препорача Комисијата за заразни болести. Полицискиот час ќе остане на важност од 24 до 04 часот, како и останатите рестриктивни мерки.

Од Независната угостителска комора бараат повеќе да не се ограничува нивното работно време, да се дозволи жива музика, повеќе лица на маса, но и организирање поголеми прослави според одредени протоколи.

Сепак од Министерството за здравство апелираат во целост да се почитуваат веќе усвоените мерки.

Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи