Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 24 Mај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј”, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Македонија им го честита празникот „Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.
Солунските браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за Европа, светот и Македонија.