Владата ќе си купи 45 моторни возила, месечен лизинг за едно возило изнесува 67538 денари


Владата  ја усвои информацијата за потреба од набавка на моторни возила од страна на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и ја задолжи да ја отпочне постапка за повеќегодишна јавна набавка на 45 моторни возила, по пат на оперативен лизинг (деловен закуп) со времетраење од 36 месеци, информира владината прес служба.

„Оваа одлука е донесена врз основа на карактеристиките на сите разгледани можни начини за набавка на моторни возила, обврските кои произлегуваат од нив, како и од аспект на искуствената примена на оперативниот лизинг досега, и согласно сите сознанија, Владата го прифати мислењето на СОЗР дека најдобра опција е да се спроведе повеќегодишна јавна набавка на моторни возила по пат на оперативен лизинг заради помалите финансиски оптеретувања“, велат од Владата.

По три години, истекува стариот договор кој го постигна СОЗР со економскиот оператор во јули 2018. Сите понудени возила кои ги користи Владата се од марката Volkswagen Passat Comfortline 2.0 TDI.

Владата и тогаш направи оперативен лизинг (деловен закуп) за 45 нови моторни возила со времетраење од 36 месеци. Владините функционери може да ги користат автомобилите додека не поминат 120.000 километри.

Месечниот лизинг според актуелниот договор за едно возило изнесува 67.538 денари со пресметан данок. Вкупната вредност на договорот со операторот е 109 милиони денари. Операторот ќе треба редовно да ги сервисира, регистрира, осигурува, транспортира и да ги обезбедува сите потребни документи и делови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи