Свадби од 1. или 15. јуни, протоколите се во подготовка


На вчерашната владина седница биле разгледувани протоколите за организирање на свадбени свечености, дознава Алсат.

Според информации од Владата, ако се задржи нискиот тренд на новозаболени од корона вирусот рестораните за свадби ќе бидат отворени најрано на 1 јуни, а најдоцна на 15 јуни. Секако ова ќе зависи од епидемиолошката состојба.

Протоколите за организирање на свадбените прослави се подготвуваат и наскоро ќе бидат претставени пред сопственциите на угостителските објекти за да можат да се подготват за организирање на прославите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи