Протерувањето на рускиот дипломат од земјава не очекувам да влијае врз доставата на руската вакцина Спутник В во Македонија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
„Во ниту еден момент за време на бројните средби, а и сега разговорите телефонски кои ги имам со рускиот амбасадор нема никаква најава за политизација на прашањето, ниту беше така на почетокот ниту е сега, останува да видиме како ќе тече, последните најави се дека ќе стигне одредена количина до крајот на мај. Ќе видиме дали ќе биде така. Останува да видиме каква ќе биде динамиката на испораката на вакцините. Случајот со рускиот дипломат се случи вчера, а по протерувањето немав контакт со рускиот амбасадор. Повторно ќе кажам за досегашната комуникација која беше навистина коректна, не очекувам политизација токму со вацините, но еве да видиме што ќе се случи“, рече Филипче.