ВИДЕО – Талевски: Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите


Грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува. На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој, изјави на денешната прес конференција Миле Талевски, Претседател на ОО СДСМ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.

Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите.

Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите.

Тутунарите да бидат спокојни. Субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопрозводителите, засекогаш е завршено.

Како одговорна партија, продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци“, рече Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи