Според Министерството за здравство, на вакциналните пунктови ширум државата, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 196 119 граѓани.
Од почетокот на вакцинацијата, вкупно се аплицирани 232 485 дози вакцини, од кои 36 366 граѓани се ревакцинирани.
Вчера прва доза вакцина примиле 9 711 лица, а со оние граѓани што примиле и ревакцина, вкупно се вакцинирале 12 211 во текот на вчерашниот ден.
Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и 30% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 384 706 граѓани.