Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.
Регистрирани се 133 оздравени пациенти од:
Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61г,62г и 81г) и по 1 лице од Скопје (70г), Прилеп (68г), Виница (73г), Струмица (67г), Велес (70г), Кочани (75г), Струга (70г), Неготино (47г) и Македонска Каменица (70г).
Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.
Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-237, ЦЈЗ Скопје-49, ЦЈЗ Битола-49, ЦЈЗ Прилеп-51, ЦЈЗ Тетово – 18, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–85, МАНУ-89, Жан Митрев (Филип Втори)-245, Авицена-336, Биотек-377, Систина-255, лабораторија Лаор-176, Синлаб-51, Ремедика-47, Плодност–28, Генеа–21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 404.
Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.