Објавен јавен оглас за прием на 100 професионални војници

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Условите за пријавување се следни:

– да бидат државјани на Република Северна Македонија;

– да имаат завршено средно образование;

– да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и

– да се здравствено и физички способни.

Идните професионални војници ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

Рокот за пријавување на кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.

Повеќе детали околу огласот може да најдете на следниот ЛИНК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи