Mинистерот Филипче најави дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави.
„Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски QR код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и евентуално за антитела, па кој било од трите параметри, за да може патникот да ги има со себе ако се патува во која било европска земја“, рече Филипче и наведе дека во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите членки.