ВИДЕО – Масовната вакцинација во Прилеп ќе започне на „Денот на младоста“ – денеска се одржа симулација


Масовната вакцинација во Прилеп ќе започне на 25 Мај во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“. Вакцинацијата ќе се одвива секој ден освен недела, од 08.00 до 20.00 часот, а се планира на 15 пунктови во салата дневно да се вакцинираат по околу 1.000 лица. Денеска во салата се изведе и симулација на процесот на вакцинација која се спроведе со цел финална подготовка на стручните медицински тимови и другите помошни служби. Вакциналниот пункт е опремен со помош на бизнис секторот во Прилеп.

„Вакцинирањето ќе се одвива според строго дефиниран протокол и редослед на движење, односно прием и евиденција на граѓаните, па потоа индивидуален преглед и вакцинација, па издавање на потврда со термин за ревакцинација. За организацијата на процесот и одржувањето на редот пред и во вакциналниот пункт, покрај полицијата и Армијата ќе бидат ангажирани и волонтери од Спасителната служба „Златоврв“. Во оваа прилика, упатувам уште еден апел до граѓаните на општина Прилеп, да се пријавуваат за вакцинија, особено се обраќам на оние граѓани кои спаѓааат во ризичните категории. Апелирам и до младите, да им помогнат на повозрасните во апликацијата за регистрација за масовната вакцинација. Да им ја објаснат важноста од вакцинацијата на своите повозрасни родители, баби и дедовци“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

Директорката на општата болница Борка Талески рече дека дополнително ќе се знае дали ќе се затвори пунктот во Здравствениот дом каде се вакцинираа постари граѓани и дали во новиот пункт ќе има само вакцинација или граѓаните ќе можат тука да примат и ревакцина.

„Кадарот кој ќе работио  на овој пункт е од лекарите, медицинските сетри и за среќа ги имаме студентите од медицинскиот факултет од Штип.  Функционираат 15 пунктови, се планира дневно да се имунизираат 1.000 граѓани и еве повторно апел секој граѓанин да се пријави на сајтот vakcinacija.mk. Пунктот е подготвен од секој аспект, очекувам дека ќе има зголемен интерес од страна на граѓаните, иако имаше имунизација и во соседните градови Битола и Кавадарци. Оние граѓани кои се вакцинираа досега во пунктот кој го имавме во Здравствениот дом беа вакцинирани со вакцините на Фајзер, Астра Зенека и Сонифарм и таа бројка изнесува 2.000 вакцинирани граѓани. Заврши фазата на втора доза имунизација на тие граѓани и во тек имаме имунизација на граѓани со прва доза на Астра Зенека“, рече Кети Смилеска директорка на општа болница Прилеп.

Според протоколите вакцините требало да пристигнат во понеделник за од вторник утрината  од 8 часот да се започне со вакцинацијата. Инаку во болницата како Ковид центри моментално функционираат модуларната болница и Инфективното одделение, а хоспитализирани биле 16 пациенти, од кои сите биле на кислородна поддршка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи