Времето денес претпладне ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд на истокот од земјава. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, особено изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час.
Во Прилеп и регионот, температурата ќе се движи од 7 °C до 19 °C.