Денеска се празнува 24 мај, Ден на Светите браќа Кирил и Методиј


Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин).

Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови старешини и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.

На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија христијанската вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. Подоцна, на повик од папата, заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените.

По неговата смрт – а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година – неговите ученици го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи