На 23.05.2021околу 19.40 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Р.П. (53) од с. Врбјани пријавил дека околу 19.30 часот во и пред продавница во негова сопственост во с. Врбјани, З.Н. од с. Врбјани агресивно се однесувал и се обидел физички да ги нападне пријавителот и неговиот син Д.П. при што го оштетил автомобилот на пријавителот, а потоа фрлил пред продавницата шише со течност.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.