Од утре почнува исплатата на мајските пензии


Од утре започнува исплатата на мајските пензии за граѓаните кои не користат платежни картички.

Пензиите ќе се делат во четири групи според висината на пензијата. Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 26 – ти мај до 31 – ви мај и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

26 – ти мај (среда) 2021 година, пензии со висина до 11.000 денари;
27 – ми мај (четврток) 2021 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари;
28 – ми мај (петок)  2021 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари;
31 – ви мај (понеделник)  2021 година, пензии со висина над 18.001 денари.

Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 26.05 – среда и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи