Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера во емисијата Клик плус на ТВ21 изјави дека патот на Македонија кон Европската Унија води само низ Софија.
„Одлуката се носи со консензус. Без одобрување на Бугарија не може да има одлука. Ние можеме само да сонуваме дека оваа одлука ќе биде донесена без одобрувањето на Бугарија. Тоа не може да се случи и затоа се залагаме да ги убедиме пријателите од бугарската страна дека Договорот кој го изградивме има добра основа за градење на нашите односи и за надминување на разликите. Тие имаат потреба од дополнителна гаранција дека ние нема да бегаме од договорот“, изјави Османи.