Во Прилеп се отвори изложбата – „Диего и Фрида насмевка на половина пат“


Денеска  (26.05.2021). во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп,  отворена е изложбата на фотографии „ДИЕГО И ФРИДА, НАСМЕВКА НА ПОЛОВИНА ПАТ“, која публиката ќе може да ја проследи до 10 јуни 2021.

Изложбата која ја виде цел Балкан, првпат е во земјава благодарение на соработката на ЦК „Марко Цепенков“ со Амбасадата на Мексико во Белград.

Екслузивната изложба опфаќа 96 црно бели фотографии и артефакти преку кои се прикажува универзумот на Диего Ривера и Фрида Кало, уметници, кои се еден од најконтроверзните парови во нивната љубов, а чие влијание ги надминало светските граници.  Изложбата ги открива не само взаемната страст на парот Ривера и Кало, туку и нивното заедничко  ангажирање во општеството и во политичките збиднувања во тоа време во кое живееа, кои ги овековечиле фотографите Питер Џулс, Гилјермо Самора, Николас Мареј, Едвард Вестон, Мануел Алварес Брава, Гилјермо Кала и Хуан Гусман.

Фотографите ги овековечиле различните етапи од  животот на парот, од љубовта и смртта, од нивното венчавање во 1929 година до 1954 г. и смртта на Кало и се отсликува бесконечното согласување и несогласување во првата половина на 20 век во Мексико. Изложбата е исклучителна можност да се запознае преку фотографии волшебната реалност на парoт.

Диего Ривера е еден од најзначајните уметници, претставници на мексиканскиот мурализам, а Фрида Кало е позната како творец на автобиографски слики под влијание на народната мексичка и староседелска уметност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи