Пендаровски му подари дрес од македонската фудбалска репрезентација на папата Франциск


Претседателот Стево Пендаровски денешната аудиенција кај папата Франциск ја искористи за да му подари дрес на македонската репрезентација со неговото име.

„Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното Европско првенство. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство“, наведе Пендаровски на Фејсбук.

Фудбалската репрезентација на Македонија наредниот месец за прв пат ќе настапи на Европско првенство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи