Во текот на вчерашниот ден во Македонија се вакцинирале 11 598 граѓани, од кои само 2 504 примиле прва доза, додека останатите се ревакцинирале.
Со ова бројот на вкупно вакцинирани граѓани се искачи на 231 014, од кои 59 815 се вакцинирале и со втора доза.
„Со последните бројки, 47% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 41% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму констатираат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува и досега бројот на граѓани што се пријавиле на веб-платформата vakcinacija.mk изнесува 427 535.