Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во петокот го поништил огласот за фингерпринтовите, откако се увидело дека во спецификацијата наместо да се бара фирма која ќе набави апарати за биометриска идентификација на гласачи, се барало електронска идентификација на лица.
Од Државната изборна комисија објаснуваат дека апаратите за идентификација на отпечаток од прст треба да бидат за избирачи, а не за лица.
Доколку се за електронска евиденција на лица, како што било наведено во веќе поништениот тендер, можело на јавниот повик да се пријави фирма која набавува апарати за електронско читање, како на пример за влез на вработени во фирми или за паркирање. Од друга страна, тоа значи дека на тендерот би можело да не се пријави ниту една фирма која ќе набави апарати за биометриско читање на отпечаток од прст и јавниот повик да пропадне.
Новиот тендер се очекува да биде објавен уште денеска и од дик и очекуваат до втората половина на јули да заврши целата тендерска постапка. според проценките на дик и бројот на гласачки места, ќе се обезбедат околу 4.000 терминали.
Апаратите за фингерпринт за локалните избори беше едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ кое го договорија лидерот Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.