Според податоците кои МОФ ги добива од Министерството за внатрешни работи од почетокот на ноември 2020, кога носењето маски на отворено стана законска обврска, биле евидентирани вкупно 101.636 прекршоци за непочитување на оваа мерка.
Најмногу се казнувало првите два месеци по стапување на сила на оваа мерка, додека најмалку прекршоци биле регистрирани во последниов месец. Од МВР велат дека најголемиот процент од прекршоците биле поради неносење заштитна маска за лице на отворен простор.
Евидентирани прекршоци за неносење маска:
ноември 2020: 18 303
декември 2020: 18 395
јануари 2021: 11 556
февруари 2021: 11 454
март 2021: 16 548
април 2021: 14 886
мај 2021: 10 494
Ако се земе дека казните за овој прекршок се 20 евра, односно половина од ова доколку казната се плати во рок од 7 дена, тоа значи дека за неносење маски биле наплатени најмалку 1 милион евра од граѓаните на Македонија.
Од утре, 1 јуни, се укинува мерката за носење заштитна маска на отворено.